Фудбалерите на Динамо славеа триумф од 0:2 над австриски Салцбург во натпревар во кој две асистенции забележа македонскиот фудбалер Стефан Ристовски.
Меѓутоа по натпреварот хрватската публика има забелшки за однесувањето на комнетаторот за време на преносот на „Арена Спорт“.
Според хрватската публика било очигледно дека српскиот коментатор навива за победа на Австријците и тоа го покажал во моментите кога Салцбург напаѓа и кога Динамо постигнува голови.
„Среќа што не постигнавме уште некој гол, коментаторот ќе си дадеше отказ пред истекот на 90 минута“, „Неверојатно е колку коментаторот го мрази Динамо. Цел натпреварт зборува нешто, а за секоја шанса на Салцбург буквално се дере. Кога Динамо постигнува голови како да е на погреб“, „Мачно за слушање…“, се само некои од коментарите оставени под видеото од најинтересните моменти од натпреварот.