Војната која се води во Појасот Газа секојдневно одзема многу животи, а сега пристигнува вест за хорор во кој настрадал фудбалер од оваа земја.
Имад Абу Тима, фудбалер кој настапуваше за тимот на Итихад Кан Јунис и репрезентативец на селекцијата на Палестина до 20 години бил убиен заедно со девет члена неговото семејство.
Од почетокот на војната животот во Палестина го загубија над 235 фудбалери и над 400 спортисти што секако остава огромна празнина во палестинскиот спорт.
Неодамна Фудбалскиот сојуз на Палестина испрати и барање до УЕФА за суспензија на Израел од сите меѓународни натпревари, но одлуката засега неколку пати се одложуваше. Ќе потсетиме, поради ситуацијата во Украина, Русија и клубовите од оваа земја веќе подолг период се надвор од меѓународните натпреварувања.