Хет-трик на новото засилување: Вардар до втора победа во Словенија

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Вардар победи на третиот натпревар на припремите во Словенија. Вардарци беа подобри против екипата на Чарда Мартјанци со резултат 1:3.

Одличен натпревар одигра засилувањето Горан Закариќ кој го запиша својот прв хет-трик во вардаровите дрес. Во овој натпревар за Вардар настапија сите фудбалери освен капитенот Дарко Мицевски и голманот Филип Гачевски.

Во претходните два натпревари Вардар забележа победа против Мура и пораз против НК Бистрица. За три дена избраниците на Горзад Михаилов ги очекува натпревар со Динамо Загреб, додека на 27. јули Вардар ќе се соочи со Свонси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани