201
Спортскиот директор на Хајдук, Никола Калиниќ работи на трансфер на Един Џеко, а дали тој ќе се случи зависи од тренерот на Фенербахче,
Жозе Мурињо.
Турските медиуми пишуваат дека и Џеко сака да оди во Хајдук, тој е во разговори со Калиниќ и Гатузо кој е назначен за нов тренер на сплитскиот клуб.
Но, конечната одлука ќе ја донесе Мурињо, доколку Португалецот смета дека Џеко му е потребен во тимот, босанскиот фудбалер ќе остане во Фенербахче, во спротивно ќе биде продаден на Хајдук.
Џеко има уште една година од актуелниот договор со Фенербахче, Хајдук му нуди двегодишен договор.