127
На дербито од 10. коло во Колумбија помеѓу Атлетико Национал и Атлетико Јуниор кое се играше во Меделин се случуваше вистински хаос.
Домаќините имаа предност од 2:0, а по постигнувањето на вториот гол гостинските навивачите почнаа да фрлаат предмети кон играчите на теренот и навивачите.
На снимките кои се објавени може да се види како еден од фудбалерите бил погоден со нож во главата. Фудбалерот имал среќа и ножот го погодил со задната страна, па така поминал и без посериозни повреди.
Кога домашните навивачи го забележаа тој момент жестоко тргнаа кон гостинската трибини и тука следуваа огромни нереди.