Колумбиецот Хамес Родригез е пред враќање во Ла Лига тврдат од утрово шпанските медиуми.
Според последните информации Родригез е многу блиску да потпише договор со Рајо Ваљекано. Во поранешниот клуб на Столе Димитриевски, Родригез би пристигнал како слободен играч.
Негов последен клуб беше бразилскиот Сао Паоло од каде што си замина неодамна. Желбата на Родригез е да се врати во европскиот фудбал, а интересот го привлече со одличните настапи на Копа Америка.
Родригез беше најдобриот играч на Колумбија, но на крајот го освои и признанието МВП на комплетниот турнир.
Во игра за потписот на Родригез била и Селта, сепак раководството на Рајо побрзо реагирало. Претходно во Шпанија, Родригез го носеше дресот на Реал Мадрид.