249
Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд ужива во заслужениот одмор по освоената титула во Премиер лигата со „граѓаните“.
Неговата репрезентација не се пласираше на првенството, а очигледно дека случувањата на турнирот не го интересираат премногу.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како Халанд во друштво на пријателите ужива во шпанската Марбеља на електронска музика. Во претходните денови одмораше на Капри, Сен Троп и Монако.