195
Ерлинг Халанд се врати во погонот на Манчестер Сити и со тимот ќе патува на турнејата во Соединетите Американски Држави.
Норвежанецот за време на стандардните медицински тестови зборуваше пред камерите и изнесе интересни информации од своите тренинзи за време на летниот одмор. Неговиот татко Алфи го натерал да сече дрва во шумите, како една од „најнорвешките“ работи кои можеш да ги направиш.
На социјалните мрежи се појавија и фотографии од Халанд со моторна пила, но и како медитира седнат на камен среде река.