Фудбалерите на Манчестер Сити славеа во дербито на првата рунда во Премиер лигата, на „Стемфорд Бриџ“ против екипата на Челси со 0-2 (0-1).
Официјалното деби на Енцо Мареска на клупата на „сините“ мина неславно, бидејќи Сити си одигра речиси рутински и со два гола во двете полувремиња дојде до посакуваниот старт на сезоната.
Само 18 минути им беа потребни на „граѓаните“ да дојдат до предност. Топка во шеснаесетникот само пренасочи Бернардо Силва, а Ерлинг Халанд ја прими и одлично се снајде. Норвежанецот го навлече голманот Роберт Санчез кон себе и со ефектен удар и лоб го матира за 0-1. Во финишот на полувремето до гол дојде и Челси преку Нико Џексон, меѓутоа истиот поради офсајд беше поништен.
Во продолжението кај Сити шанса доби Фоден, додека Мареска посегна по новајлиите Нето, Гуиу, Дусбери Хол и Веига. Ниту тоа не му помогна на Челси, а точка на победата стави Матео Ковачиќ кој во 84. минута го постави конечниот резултат.