Халанд брутално му одговори на Кин за критикте „фудбалер од четврта лига“

by bojan
1 минути читање
Халанд

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд брутално му одговори на Рој Кин, откако легендата на „ѓаволите“ го опиша Норвежанецот како фудбалер од четврта лига.

Минатиот месец, Ерлинг Халанд влезе во мала голгетерска криза, па доби многу критики.

Најжесток беше Рој Кин, кој имаше замерки за тоа како Ерлинг Халанд се однесува на теренот кога Манчестер Сити ја гради играта, и порача дека Норвежанецот изгледа како фудбалер од четврта лига.

Денеска Ерлинг Халанд четири пати ја тресеше мрежата на Вулверхемптон, па беше запрашан дали бил дополнително инспириран од коментарите на Рој Кин.

Голгетерот реши брутално да одговори, дури не сакаше да го изговори името на легендата на Манчестер јунајтед и само рече: „Не ми е гајле за тој човек, не ми се зборува за него“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани