Фудбалскиот натпревар меѓу Мароко и Аргентина на Олимписките игри заврши со триумф на африканската селекција од 2-1. Сепак, сенка на самиот меч фрли инцидентот на крајот. Судијата го суспендира натпреварот откако навивачи на Мароко втрчаа во терен по примениот гол за 2-2 во 106. минута.
Сите сметаа дека мечот е готов, но потоа судијата ги врати играчите на теренот и средбата се доигра со поништен аргентински гол. По неколку денови тишина, се огласи капитенот на Мароканците, ѕвездата на ПСЖ – Ашраф Хакими.
„Започнавме на Олимписките игри со многу важна победа. Сепак, морам да го осудам однесувањето на одредени навивачи за време на натпреварот. Со такво однесување се уништи сликата за нашите верни поддржувачи. Такви испади немаат место во фудбалот. Напред Мароко“, изјави Хакими.
Мароканците во второто коло од фудбалскиот турнир на Олимиските игри в сабота ќе се судрат со Украина во 17:00.