15
Ашраф Хакими не размислува за промена на клупската средина и стави потпис на нов договор со Пари Сен Жермен.
Мароканскиот бек игра на одлично ниво за парижани, па на обострано задоволство лесно е постигнат договор за продолжување на соработката. Хакими стави потпис на договор до јуни 2029 година, а се очекува само уште клубот тоа официјално да го потврди.
Сè е потпишано и Хакимине мрда од Париз, каде што од 2021 година настапува за ПСЖ.
Во својата кариера Ашраф Хакими тргна преку школата на Реал Мадрид. Беше позајмен во Борусија Дортмунд, а потоа кога се врати за 43 милиони евра неговиот договор го откупи Интер. По една одлична сезона со „нераѕурите“ тој беше продаден за 68 милиони во ПСЖ чиј член е и денес.