378
Каи Хаверц смета дека вистински бил потегот да го напушти Челси и да се пресели во Арсенал иако на почетокот било тешко.
Почетокот на Хаверц во Арсенал не беше идеален, но како одминуваше времето германскиот фудбалер стануваше се подобар и на крајот ги освои фановите.
„Промената од Челси во Арсенал се исплатеше“, вели Хаверц.
„Фановите на Челси беа лути дека заминав, а фановите на Арсенал исто така не беа ентузијасти бидејќи не почнав добро“.
„Но кога беше најтешко имав поддршка од тренерот, соиграчите и луѓето кои се во моја близина. Работите се променија“.