ФФМ ја закажа ждрепката за новата сезона во ПМФЛ

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија објави дека в понеделник ќе биде извлекувањето за календарот на натпревари во Првата македонска фудбалска лига.

Преку официјално соопштение е потврдено дека во терминот од 13:00 на почетокот на следната седмица ќе биде познат распоредот натпревари. Веднаш ќе бидат познати натпреварите за првите два натпреварувачки круга во ПМФЛ.

Потоа некаде во февруари-март по комплетирањето на првите 22. кола од шампионатот, ќе се формира последниот круг натпревари.

Во ПМФЛ оваа сезона ќе се натпреваруваат Струга, Шкендија, Шкупи, Силекс, Тиквеш, Работнички, Воска Спорт, Брера, Вардар, Пелистер, Беса и Гостивар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани