ФФМ го одреди календарот за ВМФЛ, првото коло е на 17 август

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија ја одржа ждрепката за натпреварите во Втората македонска фудбалска лига.

Една недела откако беше објавен распоредот кај прволигашите, сега е познат и во второлигашкото друштво. Во просториите на ФФМ се извлекоа паровите и целосниот распоред до крајот на сезоната.

И во новата сезона шампионатот ќе брои шеснаесет екипи, а новајлии ќе бидат тимовите на Борец, кој направи експресен кам-бек, и Вардарски од Богданци. Интересни дуели ќе гледаме уште во првото коло, затоа што некогашните прволигаши Брегалница и Победа меѓусебе ќе ја водат првата битка за бодови, а интересно треба да биде и во Ѓорче, каде „лавовите“ ќе се судрат со Охрид.

  • Натпревари од првото коло на ВМФЛ:

Македонија ЃП – Охрид
Брегалница – Победа
Скопје – Вардарски
Осогово – Вардар Неготино
Детонит Плачковица – Новаци
Кожуф – Саса
Арсими – Беласица
Борец – Башкими.

Првото коло кај второлигашите се игра на 17 август во 17:00 часот, а завршницата на сезоната е на 17 мај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани