129
Фудбалската федерација на Македонија ги одреди официјалните лица за натпреварите од петтата рунда во Првата македонска фудбалска лига.
Три меча се играат во Скопје, а останатите три низ Македонија, сите во недела. Дербито на колото е во Чаир каде што Шкупи ќе ја дочека Шкендија, а интересно ќе биде и во Маџари на дуелот меѓу Гостивар и Вардар.
- Судии за петтата рунда во ПМФЛ:
Работнички – Тиквеш (Фуркан Идризи)
Гостивар – Вардар (Димитар Пилешков)
Шкупи – Шкендија (Александар Грујоски)
Воска Спорт – Силекс (Стојанче Трпчевски)
Пелистер – Струга (Александар Ставрев)
Брера – Беса (Александар Василевски)
Натпреварите во недела се во терминот од 15:00 часот. Возбудувањата во мак-фудбалот продолжуваат по репрезентативната пауза која е зад нас.