Уапсен е 22-годишниот фудбалски судија од Србија, Филип Тошиќ од Заечар поради сомнение за сторено кривично дело производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Полицијата во автомобилот на судијата пронашла поголемо количество на дрога по што тој и уште едно лице кое било со него се уапсени.
„Како е можно на списокот на судии на српската Источна лига да има дилер на дрога? Како е можно дотичниот судија да биде врвна перспектива на регионот? Станува збор за Филип Тошиќ од Заечар, постојано делегиран до апсењето на 3 мај! Како што е соопштено, тој управувал автомобил во кој биле пронајдени 800 грама дрога, под сомнение дека ја консумирал и продавал на деца во населбата Заечар“, вели поранешниот судија Нинослав Спасиќ.