Фудбалерот на Баерн кој е во немилост кај Тухел беше израдуван од Винисиус и го доби дресот на Бразилецот (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање
Винисиус, Сарагоса

Зимското засилување на Баерн Минхен, Брајан Сарагоса можеби не доби шанса ниту против Реал Мадрид, но доби спомен од натпреварот, дома си замина со дресот на Винисиус Жуниор.

Во декември месец, Баерн Минхен го капариса Брајан Сарагоса во зделка вредна околу 15 милиони евра, во прв момент го оставија во Гранада на позајмица, но откако се повреди Кингсли Коман, решија во јануари да доплатат додатни 5 милиони евра за да го донесат Шпанецот на „Алианц Арена“.

Но Томас Тухел не смета серизно на офанзивниот фудбалер, кој доби шанса само четири пати од клупата за резерви, и едвај помина еден час на терените, се говори дека тренерот на Баерн Минхен дури и не зборува со Брајан Сарагоса.

Сосема очекувано, тој ја грееше клупата и вчера против Реал Мадрид, но допи спомен од натпреварот, дома си замина со дресот на Винисиус Жуниор.

По последниот свиреж, Брајан Сарагоса му пријде на Бразилецот, замоли да разменат дресови, а ѕвездата на Реал Мадрид воопшто не се двоумеше.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани