Фудбалерот кој одигра 263 натпревари во Бундеслигата објави крај на кариерата

by Стефан
1 минути читање

Турскиот фудбалер Омер Топрак кој најголем дел од кариерата помина во Бундеслигата одлучи да стави крај на кариерата на 35 години.

Топрак во кариерата во Германија го носеше дресот на: Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд и Вердер Бремен, а во најсилната германска конкуренција одигра вкупно 263 натпревари.

Своевремено Топрак беше и репрезентативец на Турција за која одигра 27 натпревари.

„По 16 години со насмевка и солзи во очите време е да ја завршам кариерата“, објави Топрак.

Последните две години од кариерата ги помина во неговата татковина каде што го носеше дресот на Анталијаспор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани