Фудбалерките ќе одиграат два натпревари во Бугарија

by Стефан
2 минути читање

Женската А репрезентација на Македонија во периодот од 21. октомври до 29. октомври ќе одржи тренинг камп во Банско, Бугарија.

Во склоп на подготовките, ќе бидат одиграни два пријателски натпревари против Молдавија.

Првиот контролен меч овие две селекции ќе го одиграат на 25. октомври, на стадионот во Разлог, со почеток во 16. часот.

Втората контролна пресметка на програмата е два дена подоцна, на истиот стадион, во 15. часот.

Селекторот на женската селекција на Македонија, Александар Андов се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Евгенија Вељановска   Скопје

Викторија Панчурува   Тиверија Брера

Кристина Павлоска   Топ Гол

ОДБРАНА:

Ане Бошевска   Тиверија Брера

Павлинка Николовска   Тиверија Брера

Викторија Недева   Тиверија Брера

Александра Јовановска   Љуботен

Теона Галабовска   Тиверија Брера

Елена Панеска   Олимпија, Словенија

Бојана Петкова   Љуботен

СРЕДЕН РЕД:

Оливера Цоклеска   Ас Јунајтед

Билјана Паневска   Тиверија Брера

Хава Мустафа   Љуботен

Александра Марковска   Љуботен

Симона Мајер   Макаби Кишронт Хадера, Израел

Ленче Андрееска   Хорозкент спорт, Турција

Ихмете Лимани   СВ Веинберг, Германија

Наташа Андонова   Ријад, Саудиска Арабија

НАПАД:

Јилза Максути   Ас Јунајтед

Гентијана Рочи   Купс, Финска

Лора Сулејмани   ГСПО 92, Франција

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани