Фудбалерките на Канада бодовно казнети на ОИ, а селекторката суспендирана поради шпионажа!

by 24 фудбал
1 минути читање

Олимписката репрезентација на Канада доби драконска казна и на турнирот на Олимписките игри ѝ се одземени шест бодови во групната фаза, а покрај тоа казнета е и селекторката Беј Пристман со едногодишна суспензија.

Причината за оваа суспензија и казна е фактот дека се прогласени виновни за шпионажа на противничка репрезентација на Олимписките игри и тоа со дрон.

Обвинетите се прогласени виновни за навредливо однесување и кршење на начелата за фер-плеј во врска со користење на беспилотни летала“, објави ФИФА.

Пристман и нејзините два асистенти кои исто така се суспендирани (Јасмин Мандер и аналитичарот Јосеф Ломбарди) уловени се како со дронови го шпионирале тренингот на Нов Зеланд пред првиот меч на Играите. Канаѓанките го добија дуелот со 2-1, меѓутоа бадијала.

По казната одземени им се шест бода и во моментов Канада со -3 бода е последнопласирана, а шансите за пласман во четвртфиналето се драстично намалени. Вториот меч на турнирот Канада го игра вечерва против Франција, под водство на нов привремен предводник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани