Mилан на „Сан Сиро“ вчера го декласираше Каљари со 5:1 во рамките од 36. коло во Серија А. Двоен стрелец за тимот на Пиоли беше, Кристијан Пулишиќ, додека по еден гол постигнаа Бенасер, Рејндерс и Леао.
На две кола пред крајот Милан во италијанското првенство има 74 бода и така го обезбеди второто место со оглед на тоа дека Болоња заостанува седум бода. Натпреварот помеѓу Милан и Каљари немаше големо резултатско значење, но привлече внимание поради презимињата на дресовите кои ги носеа фудбалерите на „росонерите“:
Во Италија денеска се слави „Денот на мајките“, а Милан го обележи така што на дресовите фудбалерите на Милан ги носеа моминските презимиња на своите мајки.
Целта на иницијативата беше да се подигна свеста за право на личен идентитет што произлегува од пресудата на италијанскиот Уставен суд кој одлучи автоматско доделување на татковото презиме.
„Играњето со презимињата на нашите мајки е посебен гест за оддавање почест на неверојатни жени кои нас не обликувале во она што сме денес. Тоа е важен гест кој ја истакнува важноста на семејството. Горд сум што заедно со соиграчите ја претставував мојата мајка на единствен и искрен начин“, порача Пулишиќ.