360
Репрезентацијата на Македонја до 19 години денес го одигра првиот од двата пријателски натпревари против Грузија и истиот го заврши без голови.
Македонија беше рамноправна на теренот, а на крајот средбата заврши без погодоци. Ремито за Македонија добива дополнително на значење ако се знае дека 15-тина минути игравме со играч помалку.
Во 78-минута исклучен беше Дарко Сековски. Фудбалерот на Македонија Ѓорче Петров помина само четири минути на теренот пред „поцрвене“.
Вториот натпревар кој се игра исто така во Тбилиси нашите фудбалери ќе го одиграат на 10-ти јуни.