66
Фудбалскиот сојуз на Србија ги одложи сите натпревари од Суперлигата и Првата лига кои требаше да се играат в сабота.
Причината за одложувањата е катастрофата во Нови Сад на железничката станица, каде што настрешница се сруши и однесе преку десетина жртви. Исто така има и доста повредени лица во трагичната сцена во овој град. Според официјалните информации, една од жртвите е со потекло од Македонија.
Српската федерација го прогласи 2 ноември за Ден на жалост и поради тоа сите натпревари ќе бидат одложени.
Наскоро се очекуваат нови термини за средбите кои нема да се одиграат в сабота.