Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) уште вчера реагираше до УЕФА поради националистичките скандирања за време на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска од второто коло на Европското првенство.
По крајот на мечот во Хамбург, на мета на навреди се најде и Македонија. Сепак, за разлика од Србите, реакција од страна на Фудбалската федерација на Македонија – нема. Мирлинд Даку по натпреварот зеде мегафон и почна скандирање во кое се пцујат Македонците, што е повреда на правилата на УЕФА и европските натпреварувања.
Во очекување сме дали и како ФФМ ќе реагира на примитивното националистичко однесување на еден репрезентативец кој ја поведе толпата да го навредува македонскиот народ. Србија беше јасна, доколку нема санкција од УЕФА – подготвена е да отстапи од ЕП, а ние си молчиме…