Екипата на Интер која веќе го обезбеди и го прослави Скудетото во Серија А вечерва стигна до уште една сигурна победа и тоа против Фросиноне на гостински терен со 0:5.
Во првите 45 минтуи видовме само еден погодок, Фратезе беше стрелец по 19 минути игра и со минимална предност „нероаѕурите“ заминаа на паузата.
Вториот гол Интер го постигна на истекот на еден час игра кога погоди Арнаутовиќ и тука веќе стануваше јасно дека изненадување во овој натпревар нема да има. Знаеше повремено Фросиноне да се пресели пред голот на Зомер, меѓутоа тие напади не беа премногу опасни.
Во завршницата во само седум минтуи Интер постигна три гола преку Бучанан, Лаутаро и Турам за конечни 0:5.
За Интер овој натпревар немаше резултатско значење бидејќи титулата како што споменавме веќе ја обезбедија, додека Фросиноне е во битка за опстанок и на 16. позиција има 32 бода. Зад Фросиноне следат Емполи (32), Удинезе (30), Сасуоло (29) и веќе отпишаата Салернитана (15).