Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист во финалето на Олимписките игри во Париз откако во полуфиналето со пресврт славеа против Мароко со 1:2.
Мароко добро го започна натпреварот и по 37. минута со голот на Рахими од пенал дојде до водство од 1:0.
Со предноста од еден гол Мароко замина на паузата, но Шпанците во вториот дел постигнаа два гола за целосен пресврт.
Фермин Лопез во 66 .минута донесе изедначување, а на пет минути пред истекот на регуларните 90 беше во улога на асистент при голот за целосен пресврт на Хуанлу Санчез.