163
Фенербахче на Мурињо славеше со убедливи 5-0 на гостувањето кај Ризеспор, а главна ѕвезда на овој меч беше Фред.
Фред му недостасуваше на Фенербахче во првите мечеви оваа сезона, подоцна почна бидејќи се рехабилитираше од повреда.
Вчера блесна во сиот свој сајај, дури и се надмина постигнувајќи три гола првпат во кариерата.
Еден од погодоците беше дело на Џеко, а имаше и автогол на Аликулов.
Фенербахче по одиграни три кола во турското првенство има седум бода, во моментов е на првото место, но има клубови со меч помалку.