Французите тврдат: ПСЖ го договори третото засилување, ќе плати 45 милиони евра

by Стефан
1 минути читање

Oткако пристигна Жоао Невеш, Пари Сен Жермен успеа да го договори и 22-годишниот стопер од Ајнтрахт, Вилијам Пачо кој ќе биде трето засилување.

Според најавите трансферот ќе изнесува околу 45 милиони евра, а тој ќе потпиша договор на пет години. Пред Ајнтрахт играше и во Антверпен, а веќе одигра и 15-тина натпревари во дресот на репрезентацијата.

Беше дел од селекцијата на Еквадор која играше на Копа Америка и се очекува да ја зацврсти одбраната која ја предводи Бразилецот Маркињос, тука се секако искусниот Кимпебе, Скриниар…

Претходно ПСЖ се поврзуваше со Лени Јоро од Лил, но на крајот тој заврши во Манчестер Јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани