223
Европската фудбалска куќа – УЕФА ги одреди арбитрите за воведните натпревари на Европското првенство.
Довербата да го отсвири првиот удар на натпреварот меѓу Германија и Шкотска кој ќе биде отворање на турнирот ја доби францускиот арбитар Клемен Турпан. Заедно со помошниците Николс Дано и Бенџамин Паж, Турпан ќе дели правда на првиот меч на Европското првенство.
За четврти арбитар е одбран Франсоа Летексие, додека во ВАР собата же работат Бризар, Делажо и италијанскиот експерт Ирати.
Натпреварот меѓу Германија и Шкотска се игра во Минхен во петок од 21:00.