Франција ја исфрли Аргентина и закажа полуфинале со Египет

by riste
1 минути читање

Франција со 2-0 го доби дербито против Аргентина и се пласира во полуфиналето на фудбалскиот турнир од Олимписките игри, таму противник ќе им биде Египет кој на пенали го помина Парагвај.

Единствениот гол на мечот меѓу Франција и Аргентина беше постигнат уште во петтата минута кога по центаршут на Олисе, Матета погоди за водство од 1-0.

Во финишот од мечот гол даде и Олисе, но погодокот беше поништен со ВАР поради фаул.

Французите во полуфиналето ќе играат со Египет кој на пенали го победи Парагвај. Резултатот во регуларниот по 120 минути игра беше 1-1.

Во регуларниот тек Парагвај беше поблиску до победа бидејќи имаше водство од 1-0 со гол на Гомез, но не издржаа до крај, натпреварот во продолженија го однесе Адел со погодок во 88. минута.

Во пенал серијата Парагвај промаши еднаш, а Египет ги реализираше сите пет пенали.

Другата полуфинална двојка е Шпанија и Мароко.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани