Франција со 3-0 ја совлада селекцијата на САД во првото коло од Олимписките игри, Американците одолеваа еден час, а потоа примија три гола.
Франција чиј селектор е Тјери Анри, долго време се мачеше да го скрши отпорот на САД. Американците дури имаа убава шанса да поведат откако Михаиловиќ ја погоди пречката.
Брзо потоа стигна казната, Лаказет погоди за водство на Франција од 1-0, следуваше и голот на Олисе за 2-0, па веќе беше решено прашањето за победникот.
Конечните 3-0 ги постави Баде на пет минути до крајот на натпреварот.
Најубедлива денеска беше Јапонија која со 5-0 го совлада Парагвај. Шпанија со 2-1 беше подобра од Узбекистан, а во контроверзниот меч Мароко со 2-1 ја совлада Аргентина.
Ирак со 2-1 ја победи Украина, со истиот резултат Нов Зеланд беше подобар од Гвинеја.
Немаше голови на дуелот меѓу Египет и Доминикана, а дуелот меѓу Мали и Израел заврши 1-1.