Франција по 120 минути го победи Египет и закажа финале со Шпанија

by riste
1 минути читање

Франција и Шпанија ќе се борат за златниот медал на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Париз откако Французите го совладаа Египет со 3-1.

Египет прв се израдува на гол на овој меч, Сабер реализираше во 62. минута за предност од 1-0.

Франција се помачи да изедначи, конечно тоа се случи во 83. минута кога по асистенција од Олисе, Матета погоди за израмнување на 1-1.

Тоа беше резултатот по 90 минути игра, па мечот отиде во продолженија.

На самиот почеток од продолженијата Египет остана со фудбалер помалку откако Фајед заработи втор жолт картон.

Тоа го искористи Франција, во 99. минута Матета постигна нов гол за комплетен пресврт и водство на домаќинот од 2-1.

Конечните 3-1 ги постави Олисе на почетокот од второто продолжение.

Франција во финалето ќе игра со Шпанија која претходно со 2-1 беше подобра од Мароко.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани