Репрезентацијата на Франција ќе игра против Шпанија во првото полуфинале на Европското првенство во вторник.
„Триколорите“ во четвртфиналето одиграа без голови против Португалија, а потоа на пенали беа подобри и се пласираа во полуфиналната фаза. Интересно, ова беше петти натпревар на Французите на ова првенство, а сè уште се без постигнат погодок на некој од фудбалерите од игра. Двапати тие ги тераа противниците да си дадат автогол (Австрија и Белгија), а само еднаш Мбапе погоди од пенал…
Сепак, вреди да се напомене дека Франција на ова првенство има само еден примен гол и тој беше од белата точка против Полјаците. Гранитната одбрана го краси тимот на Дешамп, а делува дека до полуфиналето Французите стигнаа на „мускули“.