Француската фудбалска федерација (ФФФ) ги соопшти сите детали поврзани со повредата на Мбапе и ги елиминира сите шпекулации кои се појавија веднаш по мечот.
Мбапе има скршеница на носот, но нема да оди веднаш на операција, ќе игра со маска во продолжение на првенството.
„Килијан Мбапе се врати во кампот на француската репрезентација. Килијан Мбапе заработи скршеница на носот во второто полувреме од мечот меѓу Австрија и Франција кој се играше во понеделник во Дизелдорф. Капитенот на Франција прво беше третиран од медицинскиот тим и Др. Франк Ле Гал, кој дијагностицираше скршеница на носот. Мбапе ќе добива третман во следните денови, но нема да оди на операција во блиска иднина. Ќе биде направена маска за него, па 10-ката на француската репрезентација ќе може да се подготви за враќање на натпреварите по периодот посветен за третман“, се вели во соопштението за ФФФ.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.