Новата шпанска ѕвезда Ламин Јамал се наоѓа на заслужен продолжен одмор по настапите на Европското првенство и освоениот трофеј. Тој доцни на подготовките на Барселона за новата сезона, а навивачите нема да бидат многу среќни кога ќе видат дека Јамал бил гостин на Кристијано Роналдо, фудбалер кој своевремено беше голем ривал на клубот.
Додека Роналдо настапуваше за Реал Мадрид, на спротивната страна во Барселона беше Лионел Меси и тие имаа мега-дуели кои долго ќе се паметат. Тој период на „Ел Класико“ натпреварите е меѓу најзапазените во историјата, па се ривалството дополнително се разви.
Токму поради тоа изненадувачка е фотографијата на Јамал во куќата која ја изнајмуваше Кристијано Роналдо. Шпанскиот талент беше гостин на синот на легендата, Кристојано Роналдо Џуниор кој сакал да се запознаат.
Тие се фотографираа заедно, па таа фотографија го обиколи и „запали“ интернетот, особено во Шпанија.