118
Шампионот на Македонија во футсал, екипата на Форца без проблеми се пласираше во следната фаза од Лигата на шампионите откако оствари три убедливи победи на турнирот кој се одржа во салата „Јане Сандански“.
Во групата А која се играше во Скопје, Форца најпрво со 4-2 го совлада Блу Меџик Даблин од Ирска, потоа убедливо го победи Ренџерс од Андора со 9-3.
Синоќа со 8-2 славеше над Титоград од Црна Гора со што го потврди првото место.