Фонсека ќе ги седне двете главни ѕвезди на Милан на клупа во Рим!

by 24 фудбал
1 минути читање

Лошиот старт на сезоната во Милан веднаш ги запали алармите. Реми против Торино и поразот од Парма го натераа тренерот Пауло Фонсека да размислува на „револуција“.

Според италијанските медиуми, стручњакот од Португалија е подготвен на гостувањето во Рим кај Лацио од тимот да ги изостави двете главни ѕвезди. Се најавува дека Рафаел Леао и Тео Хернандез натпреварот на „Олимпико“ ќе го започнат од клупата за резервни фудбалери.

  • Потенцијален стартен состав на Милан против Лацио:

Мењон; Ројал, Павловиќ, Томори, Терачано; Бенасер, Фофана; Чуквуезе, Лофтус-Чик, Пулишиќ; Окафор.

Освен Леао и Хернандез, на клупата ќе седне и капитенот Давиде Калабрија, а на негово место ќе заигра новото засилување Емерсон Ројал.

Фонсека пред мечот со Лацио имаше проблеми со повредите, па во нападот ги има само Ноа Окафор и младиот Франческо Камарда. додека на клупата ќе се најде и новото засилување Тами Абрахам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани