Милан има лош старт на сезоната под водство на новиот тренер Пауло Фонсека, росонерите во првото коло се спасија од пораз против Торино, а во вториот меч загубија од Парма.
Тоа се два противници кои треба да се победат доколку клубот цели кон највисоките места во Серија А, па почетните киксови почнаа и да го тресат столчето на Фонсека иако уште е рано.
Денешното издание на „Тутоспорт“ пишува дека Милан веќе размислува за нов тренер, а прв кандидат е Масимо Алегри кој во моментов е без ангажман.
Проблем за Милан е што Фонсека има договор до јуни 2027 година, па доколку му дадат отказ ќе треба и добро обештетување да му исплатат.
Алегри беше тренер на Милан од 2010 до 2014 и има освоено едно скудето со росонерите.
Во наредното коло Милан има тешко гостување кај Лацио, потоа им следува меч против Венеција, па следи дербито на Милано против Интер.