353
Ѕвездата на Манчестер Сити, Фил Фоден игра Европско првенство за заборав. Младото крило е под нивото, но за волја на вистината и целата игра на Англија е бледа.
Перформансот на страна, Фоден го напушти репрезентативниот камп и привремено мораше да се врати назад во Англија. Со дозвола од Фудбалскиот сојуз младиот играч замина дома, а причина е итна семејна криза.
Фоден летна назад кон Англија и засега непознато е кога би се вратил назад во кампот на репрезентацијата.
Англија во осминафиналето сè уште го очекува својот ривал кој ќе дојде од табелата на третопласираните. Својот прв нокаут натпревар „Гордиот Албион“ го игра в недела.