Флик ја коментираше ситуацијата со Олмо: Засега не може ништо да потврди – само се надева!

by Стефан
1 минути читање

Tренерот на Барселона, Ханси Флик изрази надеж дека клубот ќе го регистрира Дани Олмо за натпреварите од Ла Лига.

Каталонците во овој момент се во можност да го регистрираат шпанскиот репрезентативец поради финансискиот фер-плеј.

Еден од хероит на Шпанија на Европското првенство летово по десет години се врати во Барселона меѓутоа се уште не може да му помогне на тимот.

„Тоа не е моја работа. Дани е спремен да игра и се надевам дека ќе го имам во екипата, многу ќе ни значи. Одличен беше на тренинзите и сакаме да заигра што е можно побрзо“, изјави Флик.

Го коментираше Флик и заминувањето на Гундоган.

„Се случува…Го познавам како играч и човек. Беше фантастичен во Барселона и германската репрезентација“, истакна Флик.

Барселона утре во рамките од Примера ќе игра против Атлетик Билбао во терминот од 19:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани