Флик се огласи по најавите дека Гундоган е пред заминување

by Стефан
1 минути читање

Во текот на вчерашниот ден се појави информација дека Илкај Гундоган побарал да ја напушти Барселона, а на оваа тема зборуваше и тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата по дуелот со Валенсија.

Веќе некое време се шпекулира дека Гундоган сака да замине од Барселона по само една година откако пристигна од Манчестер Сити. Тоа што вчера не беше во составот дополнително ги подгреа шпекулации.

„Разговаравме, но тоа ќе остане меѓу нас. Навистина не гледам потреба да создавам контроверзии. Мојот впечаток е дека ќе остане со нас, не знам од каде медиумите имаат поинакви информации. Како што кажав зборував со него на повеќе теми, меѓутоа тоа вас не ве интересира“, изјави Флик.

На прашањето зошто го немаше во составот Флик тврди дека не бил 100% спремен.

„Почувствува непријатност. Доби удар во натпреварот против Монако пред неколку дена“, одговори Германецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани