Флик од дефанзивата ја почна чистката во Барселона

by riste
1 минути читање

Новиот тренер на Барселона, Ханси Флик сака да создаде тим по своја мерка, а во него ќе нема место за некои од сегашните членови.

Први на мета се дефанзивците Ињиго Мартинез и Клемен Ленгле.

Французинот и минатата сезона не го носеше дресот на Барса бидејќи беше на позајмица во Астон Вика, но сегаа „каталонците“ ќе се обидат да го продадат и да заработат на него.

На местото на Мартинез и Ленгле ќе влета 20-годишниот Микаил Фаје кој дојде лани од хрватскиот третолигаш Кустошија, но го импресионира тренерот Флик и ќе добие шанса во новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани