Барселона по три меча без победа во Ла Лига денеска со убедливи 5-1 ја совлада Мајорка, разликата од претходните неуспешни настапи на тимот беше тоа што сега Ламин Јамал се врати во стартниот тим.
Повредата е минато за Јамал, во минатото коло во игра влезе во вториот дел, но денеска првпат по паузата беше стартер и тоа се почувствува во играта на Барселона.
Јамал не даде гол, но имаше асистенција, врз него беше направен пенал и беше активен при останатите погодоци.
„Кога Ламин Јамал е на теренот, тој ја прави разликата“, вели Рафиња кој беше прогласен за играч на мечот.
Со него се сголасува и тренерот, Ханси Флик.
„Ламин секогаш е важен, тој прави разлика. Мислам дека денеска можеше да постигне и еден или два гола, одигра многу добро“, рече Флик.