552
Eкипата на Барселона неодамна потврди дека Ханси Флик ќе биде нов тренер на тимот, иако тој се уште не е регистриран поради финансиските проблеми во клубот.
Претседателот Жоан Лапорта според информациите веќе започнал со реализација на неговите желби за засилувања.
Според најавите Флик сака да им даде шанса на фудбалери како Ламин Јамал и Хектор Форт, додека на мета има и двајца Германци и еден Шпанец како освежување.
Информациите на медиумите се дека Флик го сака Флоријан Вирц од Баер Леверкузен кој веќе се поврзуваше и со Реал Мадрид, како и Џошуа Кимих од Баерн. Исто така фудбалерот на Атлетик Билбао Нико Вилијамс исто така е мета.