ФК Вардар: Бараме итни промени и воведување на ВАР!

by 24 фудбал
2 минути читање

Фудбалскиот клуб Вардар реши да се обрати преку соопштение до јавноста, а поврзано со последните случувања и жалби од страна на Шкупи по поразот во дербито (3-1) во ПМФЛ. Чаирчани беа гласни дека се оштетени, додека вардарци сакаа да се обратат и побараа промени и подобар квалитет на фудбалот во иднина.

Во соопштението од Вардар се бара итна смена на комесарот за делегирање на судии Марјан Ристески.

Исто така како приоритет е посочено воведување на ВАР технологијата во ПМФЛ. Вардарци побараа од следната сезона да се воведе видео асистенцијата која е прекупотребна во мак-фудбалот.

  • Целосното соопштение на ФК Вардар:

„Со оглед на многуте гласни коментари на повеќето клубови од Првата и Втората фудбалска лига, ние како ФК Вардар започнуваме иницијатива за ИТНА смена на комесарот за делегирање на судии, Марјан Ристески. 

Воедно како клуб за неуспесите и поразите вината прво ја гледаме во сопствените редови, но по консултација со стручни лица и со оглед на фактите од изминатите тринаесет кола, може да се констатира дека Вардар е најоштетен во однос на судиските грешки. Ние никогаш јавно не излеговме со соопштенија и реакции за разлика од други клубови кои со мизерни реакции се обидуваат да ги негираат нашите победи. 

Ние како клуб оставаме на телата и органите на ФФМ да си ја работат работата и да ја покажат својата стручност околу грешките и спорните моменти. 

Поради ова бараме и од останатите клубови поддршка на оваа иницијатива за ИТНА смена на комесарот за делегирање на судии и радикални ставови на сите клубови за воведување на ВАР технологија за следната сезона. 

Промената на раководството на судската асоцијација, поточно барањето за разрешување на Марјан Ристески, се припишува на неколку фактори, вклучувајќи ги проблемите кои гласно ги посочуваат клубовите од македонскиот шампионат по секое натпреварувачко коло и потребата за иновации од организацијата. Промените се бараат за поголема усогласеност со промената кон поголема транспарентност и одговорност, вкучувајќи значително учество на членовите во изборот на наследник кој ќе го води со фокус на модернизирање и зајакнување на судискиот систем“, напишаа од ФК Вардар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани