ФИФА потврди, ова се 12. домаќини на новиот Мундијал за клубови!

by 24 фудбал
1 минути читање

Светската фудбалска федерација (ФИФА) следната година го подготвува првиот Мундијал за клубови. Наместо досегашното Светско клупско првенство со само најуспешните од сите континенти, сега ќе се организира едномесечен турнир со 32 екипи од целиот свет.

Прв домаќин на новиот формат на Светското клупско првенство ќе бидат Соединетите Американски Држави. Ќе се игра на 12 стадиони ширум земјата, осум на источниот дел од САД и уште четири на западниот.

Градови домаќини ќе бидат: Мајами, Сиетл, Лос Анџелес, Орландо (со два стадиони), Атланта, Нешвил, Шарлот, Синсинати, Вашингтон, Филаделфија и Њујорк (Њу Џерси).

Веќе е познато и кои клубови ќе се натпреваруваат. Ова се 30. учесници на СКП 2025: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити, Челси, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, ПСЖ, Интер, Јувентус, Порто, Бенфика, Салцбург, Ал Хилал, Ал Аин, Урава, Улсан, Ал Ахли, Видад, Мамелоди, Леон, Пачука, Сиетл, Палмеирас, Флуминенсе, Фламенго, Бока, Ривер, Оукленд. Преостанатите две места ќе ги пополнат шампионот на Копа Либертадорес и уште еден тим од МЛС лигата.

Терминот на Светското клупско првенство е закажан од 15 јуни до 13 јули следната година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани