ФИФА: Направени се рекордни 11.000 трансфери, но потрошени се помалку пари од лани!

by riste
1 минути читање

Светската фудбалска организација, ФИФА излезе со податоци за овогодинешниот трансфер пазар ширум светот, а тие велат дека е срушен рекордот по бројот на натпревени зделки.

Вкупно биле направени 11.000 трансфери што е рекорд, тоа е за 4,8 проценти повеќе од истиот период за минатата година.

Но и покрај тоа што се направени повеќе трансфери, сумата е значително помала од лани. Потрошени се вкупно 6,4 милијарди долари на обесштетувања, тоа е за 13,06 проценти помалку од лани.

Логично, убедливо најмногу пари потрошиле клубовите од Европа, дури 5,58 милијарди долари, од кои Премиерлигашите 1,6 милијарди долари само во летниот преоден рок. Тоа за нив е помалку за 15,5 проценти од лани.

Во Саудиска Арабија потрошиле дури 50 проценти помалку од лани. Минатата година за нови засилувања платиле 875 милиони долари, а оваа 413 милиони долари.

Кога се парите во прашање, зголемување има само кај женскиот фудбал. Оваа година се потрошени 6,8 милиони долари, што е двојно повеќе од лани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани