Фиорентина со два пенали до пресврт и победа против Лацио (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Фиорентина со пресврт и два пенали дојде до победа во денешниот натпревар против Лацио.

Лацио преку Гила прв стигна до водство во 41. минута од првото полувреме. Со таа предност гостите заминаа и на одморот.

Само што започна второто полувреме Гудмудсон од пенал во 49. минута го изедначи резултатот.

Кога изгледаше дека натпреварот ќе заврши со поделба на бодовите Фиорентина доби нов пенал и повторно сигурен реализатор беше Гумдусон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани