154
Фиорентина е во потрага по нов голман, по барање на новиот тренер Рафаеле Паладино.
„Виола“ размислува и ја разгледува можноста да го доведе најскапиот голман на светот, Кепа Аризабалага. Шпанецот не е во плановите на Челси, минатата сезона беше позајмен во Реал Мадрид, а сега се врати во Лондон.
Се споменува дека Челси би прифатил понуда од околу пет милиони евра, бидејќи Кепа има уште една година договор со клубот. 29-годишникот би можел да се пресели во Италија, меѓутоа Фиорентима веројатно би имала проблем да ги задоволи неговите барања за плата, па останува да видиме дали ќе „се најдат“.